Бразилскиот напаѓач на фудбалскиот тим на Партизан, Матеус Салдања, беше еден од присутните на синоќешната пресметка на кошаркарските црно-бели во дуелот од 21. коло во АБА лигата против Цедевита (110-102), но во салата речиси никој не го ни забележа туку сите гледаа во неговата прекрасна девојка.
Станува збор за неговата сонародничка, Габриела Габи Кавалин, која е една од најпознатите инфлуенсерки во Бразил, која во исто време работи и како модел и диџеј. Таа пред извесно време беше во центарот на вниманието на светските медиуми поради бурната врска со ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Ентони. Бразилката тврдеше дека била жртва на насилство и на полицијата и доставила докази дека фудбалерот ја малтретирал во периодот од 2022 до 2023 година.
„Тој рече дека ако не сум со него, нема да бидам со никого. Му реков дека сум бремена, дека ме плаши. Се тресев од страв“, изјави Габи.
Тоа што ќе го памети до крајот на животот од оваа врска е што го изгубила бебето во 16. недела од бременоста.
„Не се сеќавам точно за што беше тепачката, можеби за некој со кој бев пред неколку години. Ме удри во градите и силиконот ми се преврте наопаку. Тогаш го изгубив бебето“, изјави убавата Бразилка.