Грчкиот ѕвер Јанис Адетокумпо продолжува да ги „тероризира“ противниците. Кошаркарите на Милвоки бакс го добија синоќешниот дуел на гости кај Индијана пејсерс (141-131) најмногу поради фантастичната игра на Гркот, кој одигра фантастично.

Адетокумпо средбата ја заврши со 41 поен и 12 скока, а неговиот тим триумфот го осигура уште во првото полувреме во кое постигнаа неверојатни 80 поени за само 24 минути. Голема помош имаше во Дру Холидеј со 23 поени, додека кај домашните најефикасен беше Тарнер со 24 поени. Милвоки со овој триумф остана трет на Западот со учинок 32-17, додека Индијана е деветта на Истокот со учинок 24-27.

 

Минесота тимбервулфс како домаќин го совлада фаворизираниот Мемфис гризлис (111-100) и покрај одличната игра на најдобриот гостински кошаркар, Џа Морант. Тој средбата ја заврши со 27 поени, 11 асистенции и 10 скока, а ова е прв меч во кој остварил трипл-дабл, а неговиот тим загубил. Претходните осум завршија со победата на „гризлите“.

 

Фантастичен синоќа беше и Стеф Кари, кој во триумфот на Голден стејт вориорс над Торонто репторс (129-117) реализира 37 поени со 11 асистенции. Зад него беше Клеј Томпсон со 28 поени, а за одбележување е и фактот што целиот тим од Оукленд шутираше со неверојатни 55,6-отсто од поле.

РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Милвоки 131-141, Минесота – Мемфис 111-100, Мајами – Орландо 110-105, Оклахома – Кливленд 112-100, Голден Стејт – Торонто 129-117.