Aктуелниот НБА шампион Голден Стејт вориорс се врати во игра во првата рунда од плејоф пресметката против Сакраменто кингс откако славеше со 114:97 и намали на 2:1 во победи.
Воините ги загубија првите два меча кои се играа во Сакраменто, и во првиот дуел пред своите гледачи славеа со убедливи 17 поени разлика. Тие доминираа уште од првата четвртина која ја добија со 29:20 и без многу мака стигнаа до триумфот.
Лидер на Воините беше Стеф Кари со 36 поени, додека Ендрју Вигинс даде 20, а Џордан Пул 16 поени. Кај Сакраменто, Деарон Фокс беше најзабележителен со 26 поени и 9 скокови и асистенции.
Феникс санс го врати брејкот во серијата против ЛА Клиперс откако победи со 129:124 и поведе со 2:1 во победи. Работата на Сонцата беше олеснета поради неиграњето на двајцата најдобри кошаркари на Клиперси, Каваи Ленард и Пол Џорџ.
https://youtu.be/hdHewNiieJYНеверојатна партија одигра Деви Букер кој постигна 45 поени, додека Кевин Дурант средбата ја заврши со 28 поени. Кај ослабените Клиперси, Норман Пауел даде 42, а Расел Вестбрук 40 поени.
Во Источната конференција, Филаделфија сиксерс се наоѓа пред пласман во втората рунда откако со 102:97 победи и на третиот меч во серијата против Бруклин нетс. Херој на Филаделфија беше Тајриз Макси кој мечот го заврши 25 постигнати поени, од во последната четвртина даде 10 поени по ред и од негатива на неговиот тим од 92:89, му донесе водство од 96:99.
Покрај Макси, во редовите на Филаделфија се истакна Џејмс Харден со 21 поен, додека првата ѕвезда на тимот, Џоел Ембид, одигра слаб натпревар постигнувајќи само 14 поени на кои придодаде и 10 скокови. Кај Бруклин, Бриџис беше најефикасен со 26 поени, додека Динвиди постигна 20 поени.