Арсенал одигра 3-3 против Саутемптон на „Емирати“ и му даде нова златна шанса на Манчестер Сити во трката за шампионската титула. Тимот на Артета во судиското продолжение тргна и по победа, Леандро Тросар ја погоди стативата, а Саутемптон може да жали затоа што до 88.минута имаше водство од 1-3.
Карлос Алкараз по само 27 секунди и Тео Волкот во 14.минута го шокираа „Емирати“ за водство од 0-2, а намали Габриел Мартинели пред одморот.
Чалета-Цар со удар со глава зголеми на 1-3, па Арсенал тргна на сѐ или ништо.
Мартин Одегард во 88.минута намали, а Букајо Сака две минути подоцна израмни на 3-3.
Арсенал сега има пет бода предност пред Манчестер Сити, но и два одиграни меча повеќе, а и треба да гостува на „Итихад“.