Крилниот играч на Бостон Селтикс, Џелен Браун, влезе во историјата на славната франшиза.

Бостон Селтикс го победија Орландо Меџик на домашен паркет по продолжение од 116:111, а Браун влезе во историјата.

Тој постигна 50 поени, со 11 скока и стана само четвртиот играч во историјата на Селтикси на кој му успеало тоа.

Пред него, Лери Бирд го направи тоа двапати, Кевин Мекхејл и Џејсон Тејтум.

Погоди 14/19 за два, 5/10 за три и 7/8 од линијата за слободни фрлања.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=JELwI085Uf4&feature=emb_logo

Го следеа Шредер со 21 и Смарт со 17 поени.

На другата страна се истакнаа Теренс Рос со 33, Гери Харис со 23 и Вендел Картер Јуниор со 15 поени и 16 скока.

Резултати:
Торонто – Њујорк 120: 105
Бостон – Орландо 116: 111 по продолженија
Кливленд – Индијана 108:104
Сакраменто – Мајами 115: 113
Шарлот – Феникс 99: 133
Оклахома – Далас 86:95
ЛА Лејкерс – Минесота 108:103