Денвер нагетс беше подобар од Бостон селтикс со 123-111 во меч од НБА лигата на кој имаше и 38-минутен прекин поради поправка на еден од обрачите во салата, откако обрачот настрада при едно забивање на играч на Селтикс.

Грутките од Денвер од 2019 година не знаеја за победа над Келтите, но србинот Никола Јокиќ ги презеде работите во свои раце и со 30 поени и по 12 скока и асистенции, го предводеше својот тим до триумф. На натпреварот во 2019-та кога Денвер победи, Јокиќ исто така имаше двоцифрен број на поени, скокови и асистенции.

Јокиќ има девет трипл-дабли сезонава, и повторно е кандидат за МВП. Последен играч кој три сезони по ред бил најкорисен во НБА, бил славниот Лери Берд од 1984 до 1986 година. Денвер имаше одлично шутерско издание, погодија 17 тројки од 30 обиди.

Мемфис ги израдува своите фанови со победа над Сакраменто од 118-108, па остана втор на Западот со минимално заостанување зад Денвер. Џа Морант имаше 35 поени, а голем придонес даде и Стивен Адамс со личен рекорд од 23 скока, од кои дури 13 офанзивни.

Вашингтон има серија од пет победи по ред, откако рано утрово го разби некомплетниот Милвоки со 118-95. Кај Елените не играше Јанис Адетокумбо поради болка во левото колено, а ги немаше и Џру Холидеј и Крис Мидлтон, и тоа беше преголем хендикеп за нив. Кај Визардс го немаше првиот стрелец Бредли Бил, но издоминираа со 72 поени од рекетот, а дадоа и двојно повеќе поени (34-17) од Милвоки во првата четвртина.

Најдобрите моменти од играта на Јокиќ против Бостон: