Македонскиот репрезентативен стопер Ѓоко Зајков кој ги одигра двата натпревари (против Лихтенштајн и Велс) за Македонија во квалификациите за СП, не се прослави во дресот на Универзитатеа Крајова во романското првенството.

Нашиот дефанзивец беше стартер во дуелот со Рапид Букурешт, комплетно го одигра и постигна гол но во својата мрежа.

Универзитатеа имаше водство но во 55 минута стоперот Зајков по една нафрлена топка лошо реагираше и со глава постигна ефектен автогол, со кој Рапид изедначи на 1-1.

За да не биде трагичар, на крајот оваа негова кардинална грешка беше елиминирана со голот на Митрита кој во 94 минута донесе победа за 2-1 и големи три бода на екипата од Крајова.