Со одлична блокада во последната секунда од натпреварот, Никола Јокиќ обезбеди нов триумф на својот тим во сезоната!

Српскиот кошаркар блесна во победата на Денвер над Хјустон од 95:94.

Нагетс стигнаа до нов триумф по крајно драматична завршница. Арон Гордон со тројка му донесе поен предност на домашниот тим во самиот финиш од натпреварот. Хјустон го имаше последниот напад, одговорноста ја презеде Дешон Тејт, кој упати шут за победа, но Никола Јокиќ ефективно го изблокира неговиот удар и со тоа го потврди триумфот на својот тим.

Јокиќ беше најефикасен на натпреварот. Србинот за 36 минути игра забележа импресивен дабл-дабл учинок. Тој постигна 28 поени, забележа 14 скока, две украдени топки, две асистенции и една клучна блокада.

Во поразениот тим најефикасен беше Даниел Тајс со 18 поени, додека Кристијан Вуд постигна 12 поени и дури 17 скока.

Резултати:

Денвер – Хјустон 95:94

Мајами – Јута 118: 115

Чикаго – Филаделфија 105: 114

Далас – Бостон 107: 104

Феникс – Атланта 121:117

Портланд – ЛА Лејкерс 105:90