Реал Мадрид – Рајо Ваљекано 2:1(2:0)

Се чинеше дека Реал ги држеше сите конци на играта во свои раце, па на крајот стравуваше за трите бода но сепак ги освои .

Од почетокот на натпреварот беше јасно дека Винисиус е расположен за игра, исто како и повеќето играчи на Реал Мадрид, а токму Бразилецот постигна гол во петтата минута, кој беше поништен поради офсајд.

Веќе во 14. минута гол во мрежата на Ваљекано, при контра напад на Реал, топката стигнува до Асенсио, кој ја враќа на средината, а Тони Крос е на вистинското место. Германецот немаше проблеми, погоди за 1:0.

Во продолжението на полувремето имаше многу шанси пред голот на Рајо, едната ја промаши Бензема, а другата не. По одличната топка на Давид Алаба, Бензема без големи проблеми успева да погоди за тогаш веќе големи 2-0.

На почетокот на вториот дел повторно на сцена стапи Винисиус Јуниор, имаше одлична соло акција која не ја круниса со гол, а потоа можеше да о зголеми Бензема на 3:0 и да го реши секое прашање.

Една шанса имаа и гостите преку Бебе, кој успеа да се избори за шут, ја погоди стативата, а потоа – Фалкао. Петтиот гол сезонава го постигна популарниот „Ел Тигре“, ја доби топката од левата страна и биеше со глава за 2:1 и за неизвесност до крајот на натпреварот. Тој погоди во 76. минута.

До крајот  резултатски немаше промена, иако гостите имаа шанса преку Оскар кога Крос успеа да интервенира на самата линија, па домаќинот дојде до нови три бода и се врати на првото место на табелата.

За гостите на голот стандардно бранеше Столе Димитриевски и имаше неколку одлични интервенции .

https://www.youtube.com/watch?v=GVVjXvrE810