Руските тенисерки го освоија Купот Били Џин Кинг (поранешен Фед куп) во Прага, откако во финалниот меч ја совладаа Швајцарија.

Во првиот натпревар Дарија Касаткина ја победи Џил Тајчман со 2:0 во сетови 6:2, 6:4.

Во вториот и решавачки меч, Људмила Самсонова во три сета ја совлада Белинда Бенчиќ со 3:6, 6:3, 6:4 и со тоа и донесе недостижна предност на нејзината селекција.