Словенија доживеа пораз од Хрватска 108-92 во првиот меч од квалификацискиот турнир за Олимписките игри.
Поразот може да ги чини многу Словенците, тие сега треба да го победат Нов Зеланд за да го освојат второто место во групата, а тоа значи дека ќе добијат победник од другата група која се игра во Пиреја.
Лошото отворање на мечот скапо ги чинеше Словенците. Дончиќ имаше шут 1/7 во првата четвртина, а поради лошата игра на ѕвездата на „змајчеки“, Хрватска избега на 31-16 и константно беше во плус. Потоа Дончиќ се разигра, но тоа беше залудно.
Кошаркарот на Далас Маверикс заврши со „трипл-дабл“ од 26 поени, 11 скока и 10 асистенции, пред Препелиќ со 19 поени. Кај Хрватите, Филиповиќ даде 21 поен, пред Шариќ кој имаше исто така „трипл-дабл“ со 19 поени, десет скока и десет асистенции.
Селекцијата на Шпанија демонстрираше моќ против Либан (104-59). Алдама заврши со 17 поени, пред Гаруба со 13 поени, додека кај Либанците, Кајат беше најистакнат со 20 поени.