Турскиот репрезентативен стопер Мерих Демирал постигна два гола и и донесе победа на неговата репрезентација против Австрија (2-1) во осминафиналето на Европското првенство (ЕП), но би можел да биде суспендиран за четвртфиналето поради скандалозна прослава.
Демирал славеше со „волчји поздрав“, односно симболот на турските екстремисти „сиви волци“ кои промовираат десничарска екстремистичка идеологија која верува во супериорна „турска раса“ и обединување на сите турски народи во една држава, поточно создавање „царство“ од Балканот, па се до Кина.
„Начинот на кој го прославив голот е поврзан со мојот турски идентитет и затоа го направив тој гест. Гледам луѓе кои слават на ист начин, не постои скриена порака. Сите сме Турци, многу сум горд на тоа“, кажа Демирал.
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе реагира на потегот на Демирал, кој најверојатно ќе добие суспензија.