Екипата на Пари Сен Жермен официјално е нов првак на Франција. „Светците“ дома одиграа реми против Ленс(1-1), но го освоија потребниот бод да дојдат до титула на четири кола пред крајот во Лига 1.
Големиот фаворит повторно потфрли, а натпреварот на „Паркот на принцовите“ го одбележа голчиштето на Меси. Аргентинскиот ас го отвори резултатот во 68. минута кога доби топка од Нејмар и од пред шеснаесетникот ја покажа моќта на левицата.