Баерн Минхен прокоцка водство од 2:0 и малку фалеше да испушти сигурна победа во 2. коло од Бундеслигата, но германскиот репрезентативец Серж Гнабри не дозволи баварскиот тим да испушти триумф против Келн на домашен терен.
Баерн, по првото полувреме без голови, со два брзи гола на Левандовски во 50. минута и Гнабри во 59. минута дојде до предност од 2-0.
Но, гостите со головите на Модесте во 60. минута и Ут во 62. минута успеаја да дојдат до 2-2. Меѓутоа Гнабри постигна уште еден погодок во 71. минута и тоа беше доволно втора победа за Баерн на стартот од новата сезона.