Ниту освојувањето на насловот не беше доволен за навивачите на ПСЖ да се смират со фудбалерите. Најголемите ѕвезди за време на мечот добиваа свирежи од ултрасите, кои дури и предвреме го напуштија натпреварот во знак на протест.
Нејмар не се грижи премногу за негодувањата од трибините, а по последната изјава само ќе го зголеми гневот на навивачите.
„Свирежите од навивачите? Ќе се уморат од свиркање, бидејќи тука ќе бидам уште три години, подобро да престанат, ќе им снема воздух“, рече Бразилецот.