Јута го совлада Далас со 100-99 благодарение на поените на Руди Гобер на 11 секунди до крајот. Маверикс промашија шут за три поени во последниот моменти преку Спенсер Динвиди.

Ниту кам-бекот на Лука Дончиќ по повредата и пропуштените први три натпревари не им помогна на гостите од Далас, а дуелот го заврши со 30 поени и 10 скока. Кај Џез најефикасен беше Џордан Кларксон со 25 поени, Донован Мичел постигна 23, а Руди Гобер имаше 17 поени и 15 асистенции. Меѓусебната серија изнесува 2-2.

 

Бостон поведе со 3-0 против Бруклин откако утринава славеше со 109-103 на гостински паркет. Џејсон Тејтум беше незадржлив со 39 поени за Селтикс, а Џејлен Браун имаше 23. Кевин Дурент и Кајри Ирвинг кај Нетс беа релативно тивки со по 16 постигнати поени.

 

Торонто го доби својот прв натпревар против Филаделфија со 110-102 за да намали на 3-1 во меѓусебната серија. Паскал Сијакам ги предводеше Репторс со 34 поени.

 

Минесота израмни на 2-2 против Мемфис благодарение на триумфот од 119-118. Карл Ентони Таунс беше најдобар во редовите на Тимебервулфс со 33 поени и 14 скока.