Богатата НБА вечер е зад нас, а од одиграните натпревари,  ги издвојуваме новите победи на Голден Стејт и Бруклин Нетс .

Голден Стејт Вориорс продолжија да имаат одлични игри оваа сезона и славеа со убедливи 114-92 на домашен терен против Шарлот Хорнетс и се изедначија со Јута Џез и Мајами Хит на врвот во лигата, со 6-1.

Вориорс до победата ги предводеа , Џордан Пул со 28 и Дрејмонд Грин со 26 поени. Грин имаше и 10 скока и осум асистенции. Најдобри кај гостите беа Мајлс Бриџис со 32 поени и девет скока и Гордон Хејворд со 23 поени и 11 скока.

Бруклин Нетс ја постигна третата победа во низа, победувајќи го тимот на Атланта Хокс со 117:108. Домашните го контролираа резултатот во текот на целото второ полувреме, а повторно расположен беше Кевин Дурант со 32 поени. 18 додаде Џо Харис, додека најефикасен гостин беше Де’Андре Хантер со 26 поени. Треј Јанг беше блиску до трипл-дабл со 21 поен, 10 асистенции и 9 скока.

Филаделфија 76ерс стигнаа до четвртата последователна победа на домашен терен против Чикаго Булс со 103-98, а сега двата тима имаат скор од 6-2. На 10 секунди до крајот Сет Кари погоди за предност на домаќините од 100:98, а во следниот напад на гостите Џоел Ембиид го блокираше Демар Дерозан под кошот и на тој начин ја обезбеди победата.

Кари ги предводеше Сиксерси со 22 поени, Ембиид додаде 18 со девет скока и седум асистенции, додека Булс најдобри беа Дерозан со 37 поени и 10 скока и Зек ЛаВин со 27 поени.

По одличниот старт, Њујорк Никс го загубија вториот натпревар во низа, поуспешни со 111:98 на својот паркет беа Индијана Пејсерс. Мајлс Тарнер беше расположен за победник со 25 поени и 13 скока, 21 додаде Карис Леверт, додека на гостите не им помогнаа ниту 23 поени ЕР Џеј Барет и 18 прекини и 14 скока од Џулиус Рендл.

НБА:

Лос Анџелес Клиперс – Минесота   126:115
Кливленд – Портланд 107:104
Индијана – Њујорк 111: 98
Орландо – Бостон 79:92
Филаделфија – Чикаго 103: 98
Вашингтон – Торонто 100: 109
Бруклин – Атланта 117: 108
Мемфис – Денвер 108:106
Сан Антонио – Далас 108:109
Голден Стејт – Шарлот 114: 92
Сакраменто – Њу Орлеанс 112:99