Сите со години знаат дека Жељко Обрадовиќ е на моменти нервозен на натпреварите. Тоа најмногу го чувствуваат играчите, особено кога нешто тргне наопаку.
Камерата на ТВ Партизан ја сними урнебесната сцена на мечот со Хувентуд. Натпревар кој беше решен во самиот финиш со спектакуларните кошеви на Кевин Пантер.
Во целата драма на мечот Обрадовиќ повика тајм-аут, а помошникот кога требаше да ги подаде таблата и маркерот за цртање потполно се збрка. Не можеше да ги извади маркерот од џебот од јакната.
Погледнете ја и самите реакцијата на Обрадовиќ во таа ситуација.
Standings provided by SofaScore LiveScore