Мирослав Радуљица е нов кошаркар на Црвена Звезда, официјално соопштија од клубот.
Мирослав Радуљица по 10 години се врати во српската кошарка и ќе го носи дресот на Црвена звезда, официјално беше соопштено.
Радуљица кариерата ја започна во ФМП, а во сезоната 2011/12 го носеше дресот на белградски Партизан, додека со репрезентацијата на Србија освои три сребрени медали.
Сега има 34 години, а последните пет ги помина во Азија, па ќе видиме како ќе се аклиматизира на европската кошарка и настапите во Евролигата со Црвена звезда.
Се верува дека ова не е последното засилување на црвено-белите и дека наскоро би можел да пристигне и плејмејкерот Стефан Јовиќ.
https://twitter.com/kkcrvenazvezda/status/1575109199771553792?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1575109199771553792%7Ctwgr%5Eebd62cc18d928adb58cbae5924be06ea34e6b553%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fkosarka%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D09dd%3D28nav_id%3D2220069