Србија доминираше од почетокот на мечот и првата четвртина ја доби со 24-12, додека до полувреме водството достигна +17 (52-35).
Нашиот северен сосед продолжи во истиот ритам и во вториот дел и го полнеше кошот на Порторико до конечни 107-66 за прва победа на Олимписките игри.
Ортиз беше најефикасен кошаркар на паркетот со 19 поени, шест скокови и две асистенции, додека Петрушев со 15 поени и девет скокови го заврши дуелот кај Србија.
Јокиќ имаше 14 поени, 15 скокови и девет асистенции, односно му недостигаше само една за да стигне до трипл-дабл и испише историја, откако пред него до такво постигнување стигнале само тројца кошаркари, и тоа Александар Белов во 1976 година, Леброн Џејмс во 2012 и Лука Дончиќ во 2021 годинa.
Во последното коло од групната фаза Србија игра со Јужен Судан, додека Порторико се среќава со САД.