Екипата на Бостон Селтикс е само на чекор од историски пресврт и после заостанувањњето со 3-0 се избори за мајсторка во финалето на Источната конференција, откако го совлада Мајами Хит на гости со 104-103. Кошот за победа на само десеттинка до крајот на натпреварот го постигна Дерик Вајт и му овозможи на својот тим со победа на седмиот натпревар да испише историја во НБА како прва екипа која направила пресврт во плеј-офот откако губела со 3-0.

Тејтум со 31 и Браун со 26 поени беа предводници на Бостон, додека Батлер со 24 поени беше најефикасен во редовите на поразената екипа.

https://youtu.be/T5zg1VTmCmY
https://youtu.be/T5zg1VTmCmY