Горица го шокира Динамо на „Максимир“ во петтата минута кога погоди за водство од 1-0, но хрватскиот првак до крајот на првото полувреме со головите на Љубичиќ и Иванушец направи целосен пресврт.
Петковиќ пропушти шанса да зголеми на 3-1 во 58. минута бидејќи промаши пенал, но затоа во продолжение во листата со стрелци се запишаа Шпикиќ и Периќ.
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не доби шанса на овој дуел и остана на клупата за резерви.