Јувентус синоќа повторно не успеа да победи. Во 17. коло од Серија А, „старата дама“ одигра само 1-1 на гости против Венеција.
Во меѓувреме, претседателот на клубот Андреа Ањели се сретна во Торино со агентот на Мауро Икарди, неговата сопруга Ванда Нара, за да го договори доаѓањето на напаѓачот во јануари.
Семејството Икарди реши по секоја цена да се врати во Италија. Проблем може да биде само ПСЖ кој бара отштета од 50 милиони евра. Доколку се согласат на позајмица со право на откуп на договорот, Икарди од јануари ќе го носи дресот на торинскиот гигант.