Ајакс размислува да го врати Сержињо Дест од Барселона. Клубот сака да му понуди можност на фудбалерот да се врати во Амстердам по завршувањето на оваа сезона.

Дест не се прилагоди најдобро на системот на Барселона иако е на „Камп Ноу“ веќе две сезони.
Американецот е јуниор на Ајакс и настапуваше за сениорскиот тим од 2018 до 2020 година, а потоа за трансфер вреден 21 милион евра се пресели во Барселона.

21-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 19 натпревари за каталонците во сите натпреварувања и забележа три асистенции.