Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, вклучи нов аларм во „кралскиот“ клуб.
Французинот требаше да се врати оваа недела со тренинзи со остатокот од тимот, но денеска ситуацијата се влоши.
Лекарскиот тим утврдил дека постои страв од обновување на повредата на мускулот и дека ќе мора да внимаваат со неговото враќање.
Засега има огромни шанси Бензема да го прескокне саботното гостување кај Виљареал со цел да се обиде да биде подготвен за ПСЖ.
Бензема е најдобар стрелец и најдобар играч и неговото отсуство би било голем удар за Карло Анчелоти.
Реал во сабота од 16.15 гостува во Виљареал, а во вторник од 21.00 часот во Париз.