Српскиот голгетер Александар Митровиќ ја имаше својата најдобра сезона во Премиерлигата, откако постигна 14 гола на 24 настапи за Фулам, но притоа испиша и негативна историја во елитното натпреварување.
Напаѓачот на Фулам денеска промаши уште еден пенал во првенството, а тоа беше дури четврти пат како не успеал да го матира голманот од осум изведени удари од белата точка, па така стигна до неславен рекорд.
Митровиќ најверојатно ќе постигнеше и многу повеќе голови за екипата од Лондон доколку не беше суспензијата од осум натпревари.
https://twitter.com/OptaJoe/status/1662852730929524741?s=20