Вистински циркузи се случуваат во Германија со урнебесни сцени во Сандхаузен, каде поранешниот европски првак Хамбургер победи со 1-0 и сѐ изгледаше дека ќе обезбедат директен пласман во Бундес лига, зашто директниот ривал Хајденхајм во Регенсбург губеше со 1-2 на минута пред крајот на регуларниот дел.
И Хамбургер почна со прославување, после низа години во Цвајта повторно ќе се дел од Бундеслигата, само што тоа славје им почна предвреме. Во Регенсбург судијата даде дополнителни 11 минути за игра, а Хајденхајм со пресврт и два гола дојде до победа од 3-2, а победоносниот гол го постигна во стота минута.
И така на Хамбургер му преседна славјето. Наместо директно во елитата на Германија каде пласман веќе обезбеди Дармштад, директното место го освојува Хајденхајм, а екс-германскиот првак ќе мора во доигрување – бараж за пласман со третиот одзади во елитното друштво (Штутгарт).