Селекцијата на Камерун со триумф (2-1) над Буркина Фасо го стартуваше Африканскиот куп на нации. На отворањето на ова натпреварување, Камерунците славеа со двата гола на Винсент Абубакар од белата точка.

Буркина Фасо дојде во водство со голот на Густаво Сангаре во 24.минута, но Камерун направи пресврт до крајот на првиот дел. Абубакар во 40.минута израмни од пенал, а пред самиот истек на првото полувреме уште еднаш успеа да погоди од 11 метри.