Францускиот фудбалски тренер Кристоф Галтие и официјално е назначен за шеф на стручниот штаб на Пари Сен Жермен.

Галтие потпиша договор со францускиот шампион до јуни 2024 година, а финансиските детали не се соопштуваат.

Тој на клупата на „светците“ го наследи Маурисио Покетино, кој претходно денеска доби отказ по само 18 месеци минати во Пари Сен Жермен.

Галтие (55) минатата сезона го водеше тимот на Ница, а претходно беше тренер на Лил и Сент Етјен.

Тој со Лил во сезоната 2020/2021 беше шампион на Франција.

Галтие двапати во кариерата беше прогласуван за најдобар тренер на француската лига.

https://twitter.com/PSG_English/status/1544301490013147136?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1544301490013147136%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D07dd%3D05nav_id%3D2181026