Алесандро Дел Пјеро и Зинедин Зидан играа заедно во Јувентус од 1996 до 2001 година, а во еден момент беше направена култна фотографија на која се гледа како Зидан јаде пица, а Дел Пјеро се дружи со својата девојка Соња. Дел Пјеро раскажа што и претходело на фотографијата.

Ситните часови во ноќта. Автопатот Милано-Торино и ресторан за брза храна. Зизу, Соња и јас се враќавме од настан во Милано организиран од Адидас. Заминавме порано без да јадеме, само за порано да се вратиме дома, но огладневме. Застанавме и немаше никој внатре освен касиерот и готвачот. Избравме парче пица, се гледаше дека е бајата. Рабовите беа еластични како гума за џвакање. Јас набрзина ја изедов пицата додека Зидан се бореше со вилушка и нож.  Додека тој беше фокусиран на пицата , а јас веќе имав друго хоби“.

Дел Пјеро додаде: “Фотографијата е направена од Џани Џансанти. Тој секогаш има камера со себе. Не позиравме, не очекувавме да се фотографира. Тоа е една од фотографиите за кои најмногу се грижам. Тоа е речиси се внатре: љубов, пријателство, безгрижност, едноставност, нормалност, нежност, желба да бидеме заедно, чувство на среќа, полни со живот“, заклучи легендарниот италијански фудбалер.

Со оваа фотографија Дел Пјеро му посака среќа на Зидан уште во 2016 година, кога Французинот за прв пат стана тренер на Реал Мадрид.

https://twitter.com/delpieroale/status/684283487780757504?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E684283487780757504%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fkultna-fotka-zidane-jede-pizzu-del-piero-zavodi-na-ovoj-fotografiji-vidite-sve%2F2374318.aspx