Во Италија, Катанија е тим кој едно време беше член на Серија А а сега игра неколку нивоа подолу и настапува во Серија Ц.
Токму овој тим минатиов викенд ја совлада Казертана со 4-0 и тоа во средба во која страшен гол даде офанзивецот, Козимо Кирико.
Кирико го постигна голот на кариерата, погодок од својата половина со кој ја најави убедливата победа на својата екипа.