Преговорите за продолжување на договорот меѓу Ливерпул и Мане не се движат во посакуваниот правец за „црвените“, па тоа сака да го искористи германскиот шампион.
Мане има договор со Ливерпул до 2023 година, па како и Мохамед Салах прави проблеми за продолжување на соработката, а Баерн сака да ја искористи шансата и да го добие неговиот потпис.
Напаѓачот од 2016 година за Ливерпул постигна 117 голови во 264 настапи и заедно со Салах е најголема ѕвезда на тимот од „Енфилд“.