Фиорентина ја прекина низата од три порази и ја совлада Рома на „Артемио Франки“ со 2-0. „Виолетовите“ сега се израмнија бодовно со Рома на табелата со по 59 бода.
Нико Гонзалес во петтата минута од пенал донесе водство за домашниот тим, а Џакомо Бонавентура зголеми на 2-0 само шест минути подоцна.