Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд ќе потпише за Манчестер сити, откако ги договори личните услови, а притоа ги помина и медицинските прегледи во Брисел, по што познатиот новинар и мајстор за трансфери, Фабрицио Романо ги објави деталите.

Романо потврди дека Халанд ги завршил првите медицински прегледи, а документите за трансферот се средени по преговорите кои траеле веќе три недели меѓу двете страни.

„Граѓаните“ ќе треба да ја платат 75 милиони евра за Халанд, колку што изнесува откупната клаузула во договорот со Борусија Дортмунд.

Халанд нема да биде најплатен во екипата и ќе добива неделна плата од неверојатни 440.000 евра, а договорот ќе биде потпишан до јуни 2027 година.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1523704222914859008?s=20&t=L_naHnE57M2kTe8CQfaHbw