Светското првенство во Катар започнува овој викенд, а титулата од пред четири години ја брани репрезентацијата на Франција.
Ељиф Елмас, македонскиот репрезентативец, го избра својот фаворит за светскиот собир, кој е причина за прекинот на клупскиот фудбал во овој период од сезоната.
„Се надевам и посакувам Хрватска и Србија да направат добри резултати. Тие се зрели да ја поминат групата и да стигнат барем до четвртфиналето. Фаворит е Аргентина, поради Меси, искрено го заслужува тоа. Тој е еден од најдобрите играчи во историјата. Се надевам дека Аргентина ќе го освои трофејот“, изјави Елмас.
Аргентинците се во потесниот круг фаворити на Мундијалот. Тука се уште Бразил, Шпанија, Португалија, Франција, Англија..