Македонскиот фудбалски интернационалец, Стефан Чолаковски постигна атрактивен гол за Перт Глори во најсилната фудбалска лига во Австралија.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија имаше маестрална завршница на дуелот со Сентрал Коуст Маринерс, во 52 минута прво се ослободи од еден противнички играч и потоа мајсторски го матираше голманот за намалување на водството на домаќините на 3-2.
Сепак до крајот Сентрал Коуст Маринерс реализираше уште еднаш и го потврди триумфот од 4-2.
Стефан во актуелнава сезона има четири голови и една асистенција за Перт Глори.