Екипата на Фулам го доби лондонскиот дуел против Арсенал со 2-1, додека Тотенхем триумфираше со 3-1 против тимот на Борнмут.

Букајо Сака му донесе водство на Арсенал по само пет минути игра, но Фулам се разбуди и почна да напаѓа кон голот на Раја и Хименез во 29. минута изедначи на 1-1.

Де Кордова-Рид беше стрелец на вториот гол за Фулам, кој им донесе победа на домаќините за триумф од 2-1 против Арсенал.

Борнмут одигра храбар натпревар против Тотенхем, но не беше ефикасен во нападот, а тоа знаеше како да го казни тимот на Постекоглу.

Сар беше стрелец на првиот гол во деветтата минута, а во вториот дел Сон и Ришарлисон погодија за предност од 3-0 на Тотенхем. Сепак, Борнмут во финишот постигна почесен погодок преку Скот и намали на 1-3.

 

Арсенал со новиот пораз остана на четвртото место и има 40 бодови, односно два помалку од Ливерпул и Астон Вила. Тимот на Тотенхем, од друга страна, се наоѓа на петто место со 39 бода.