На неколку часа пред крајот на 2023 година и пред стартот на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ ја почна новата сезона и тоа со убедлив триумф на Јунајтед купот во Перт.
Српскиот тениски ас го победи Џиџен Џанг со 6-3, 6-2 во рамките на Е групата од турнирот и ѝ донесе предност на Србија пред дуелот меѓу Олга Даниловиќ и Џинвен Џенг. Ѓоковиќ во ниеден момент немаше проблеми против својот ривал, во првиот сет направи еден брејк, во осмиот гем, а во вториот отвори со 4-0 за лесен триумф.
Во групата со Србија и Кина се наоѓа и репрезентацијата на Чешка која своите први натпревари ги игра во вторник.