Шпанскиот првак Барселона размислува да му понуди на Манчестер Сити размена на фудбалери.
Каталонците се подготвени да го дадат 20-годишниот Алехандро Балде на „граѓаните“ во замена за дефанзивецот Жоао Кансело, кој е на позајмица во Барселона од Сити до летото 2024 година.
Каталонскиот клуб сака трајно да го задржи 29-годишниот Португалец, но тоа тешко може да се случи поради проблемите со финансискиот фер-плеј.
Кансело оваа сезона забележа 21 настап за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и две асистенции.
Балде има 22 натпревари и еден постигнат гол. Неговиот договор со Барселона е до летото 2028 година.