Освојувачот на Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт, кој имаше лош старт на сезоната дојде до четвртото место во Бундеслигата, на само три бода од врвот, откако вечерва протатне низ Менхенгладбах и ја победи Борусија со 3-1 во мечот од 11-то коло.
За едно полувреме, „орлите“ од Франкфурт ја завршија работата на гостувањето кај Борусија, па Линдстром по шест минути донесе водство, Дина Ебимбе ја дуплираше предноста во 29-та, а победата ја осигура Линдстром со својот втор гол во 45-та.
Маркус Турам во 72-та минута даде само почесен гол за Менхенгладбах, кој го запиша третиот сезонски пораз и остана на 16 бода на деветата позиција. Ајнтрахт, пак, има 20, три помалку од лидерот Унион Берлин, кој има и меч помалку, два од вториот Баерн, а еден од Фрајбург.