Македонските интернационалци Ристовски и Адеми се декласирани со Динамо кој загуби од Локомотива среде „Максимир”.
Екипата од Загреб беше понижена и катастрофално поразена на својот „Максимир“, а тренерот Јакировиќ не можеше да поверува дека неговиот тим е толку немоќен против Локомотива, која во моментов се наоѓа на средината од табелата. По негативата од 0-2 на полувремето, Динамо „фрли“ сѐ во напад, Аријан Адеми ја затресе пречката, добра шанса имаше и Батурина, но Динамо не успеаа да дојде ниту до почесен гол.
Добро играше и нашиот Стефан Ристовски, кој нафрли неколку одлични топки, но во противничкиот шеснаесетник немаше ниту еден фокусиран и расположен соиграч. Фатален за Динамо беше нивниот екс-играч Дује Чоп, кој забележа „хет-трик“, постигнувајќи два гола уште во првото полувреме.
Бледото издание и поразот од Локомотива го остава Динамо на третото место на табелата со 34 бодови, еден помалку од Ријека и седум помалку од водечкиот Хајдук, кој има и еден натпревар повеќе од загрепчани.