Лондонскиот гигант Челси ќе се бори за трофејот во Лига купот на Англија откако во реванш меч од полуфиналето го разнесе Мидлсброу со 6-1.

Првиот натпревар пред две недели заврши со победа на второлигашот со 1-0, но денеска „сините“ го нокаутираа, едноставно немаа милост кон противникот. Откако Хоусон си постигна автогол, голови постигнуваа Фернандез, Дисаси, два пати Палмер и Мадуеке, а честа на Мидлсброу ја спаси Роџерс во 88. минута.

 

 

Во финалето, Челси ќе игра со победникот од двомечот меѓу Фулам и Ливерпул. Реваншот во Лондон е на програмата утре, а „црвените“ во него влегуваат со гол предност од првиот дуел на Енфилд.