Скок од 30 позиции за Лина Ѓорческа по триумфот во Куршумлиска Бања.Најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа забележа голем прогрес на најновата ВТА листа, објавена денеска
Како резултат на титулата од фјучерсот во Кушрумлиска Бања, таа се искачи за 30 места и сега е на 186. место. Со тоа се доближи на 16 места до својот најдобар ранкинг во кариерата (170. место), од 12 јуни 2017 година. Во последните два месеца, Ѓорческа се искачи за 69 места, но оттогаш два пати играше во финале на турнирите, еднаш во полуфинале и еднаш во четвртфинале.
Во Куршумлиска Бања, таа беше подобра од Река Лука Јани од Унгарија, Мила Ристиќ од Србија, Луа Буасон од Франција, Доминика Салкова од Чешка и Антонија Ружиќ од Хрватска, а на патот до трофејот загуби само два сета и тоа во првите два дуели. Ова беше прва титула за Ѓорческа 2023 година, а вкупно 13. во кариерата.