Најдобрата светска тенисерка Ига Свјонтек е елиминирана во четвртфиналето во Варшава, турнир од серијата 250.

На нејзин терен подобра беше Французинката Каролин Гарсија (6:1, 1:6, 6:4), по два часа и 19 минути игра.

До Вимблдон, Свјонтек беше во голема победничка серија, но сепак беше поразена од Ализ Корне во Лондон.

Сега по неа повторно беше фатална тенисерка од Франција .

Свјонтек оваа сезона освои дури шест титули, вклучувајќи го и Ролан Гарос.

Што се однесува до Гарсија, нејзин следен ривал ќе биде Јасмин Паолини.