Уапсен селекторот на Шведска

Уапсен селекторот на Шведска

Селекцијата на Шведска ќе биде без селекторот Портус Вард Винклунд на Светското првенство во Македонија!

Според пишувањата на „Судсвенскан“ тој бил уапсен во данската престолнина Копенхаген, на аеродромот Каструп по една лоша шега со граничната полиција. Аеродромот веднаш бил блокиран по инцидентот.

Според извештаите на „ТВ 2“ и „Афтонбладет“, 29-годишниот селектор на шведските кадетки, одеднаш „станал лут“ кога бил прашан што носи во багажот. Тој одговорил дека носи бомба и веднаш настанала паника.

Терминалот 2 на Каструп веднаш бил евакуиран, а Винклунд бил уапсен иако веднаш кажал дека тоа е шега.

,,Мораме да ја сфатиме сериозно ситуацијата кога некој ќе каже дека носи бомба на аеродром . Тоа е многу лоша идеја за шега. Немаше бомба по проверката на рачниот багаж и по еден час продолживме со работа , изјавија од аеродромот во Копенхаген .

Многу веројатно дека Винклунд нема да ја води Шведска на Мундијалот во Скопје, а кој ќе дојде на негово место ќе дознаеме наскоро. Ова е важно бидејќи Македонија вкрстува со групата во која игра Шведска за главната рунда на СП.

,,Секако дека реагиравме веднаш . Тој е суспендиран од работата .За нас , најважно е што тимот и другите членови на стручниот штаб можат да патуваат . Тој ќе биде суспендиран до следна одлука . Не е во ред да се прават такви шеги , сеедно дали се работи за селектор или друг човек ” , изјавија од шведската федерација .

Аеродромот Каструп веќе нормално функционира, а Винклунд се уште е уапсен. Шведска утре го игра првиот меч на првенството против Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ