Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ја потврди одличната форма, откако денеска го постигна единствениот гол за Штутгарт во победата од 1-0 против Динамо Дрезден во германскиот Куп.
Чурлинов во 33. минута доби одлична топка во казнениот простор и без проблеми ја испрати во мрежата на противничкиот тим, а токму тој погодок му донесе место во второто коло од Купот на Штутгарт.
Македонскиот фудбалер игра одлично веќе неколку недели, па постигна неколку гола и асистенции на подготвителните натпревари за германската екипа.