Слован Братислава кој во претходното коло го совлада македонскиот шампион Струга, сега го растури и Целје во квалификациите за Лигата на шампиони, откако во реваншот славеше со 5-0 (вкупни 6-1).
Проблемите за Целје почнаа во 16. минута кога Вуклишевиќ доби црвен картон, а потоа Толиќ и Стрелец погодија за предност од 2-0 на Слован Братислава.
Целје не успеа да се врати во игра, па домаќинот до крајот на средбата постигна уште три гола преку Мак, Стрелец и Барсегјан.