Кошаркарите на Германија го остварија вториот триумф на Олимписките игри во Париз, откако го совладаа Бразил со 86-73.
Бразил во првата четвртина беше очаен на паркетот и постигна само 10 поени, но потоа се разбуди до крајот на првото полувреме и израмни на 40-40.
Германија во вториот дел го засили темпото и во третата четвртина направи разлика од девет поени (60-51), по што Бразилците не можеа да се вратат во игра до крајот на мечот.
Шредер, првата ѕвезда на Германците мечот го заврши со 20 поени, а поддршка му беше Франц Вагнер со 17 поени. Трет стрелец на Германија беше Бонга со 15 поени, додека Обст уфрли 14 поени. Кај Бразил, Јаго Сантош запиша 18, а Витор Бените 17 поени.
Германија сега ја очекува дерби дуел со Франција за првото место. И двете селекции немаат пораз.