Играчот на Барселона Теодор Симиќ најавува жестока борба со Шпанците.
Најмладиот кошаркар во актуелниот ростер истакна дека овој национален тим нема да се предаде и покрај сите пречки со кои се соочува и отсуствата на важни играчи.
„Се надевам на еден добар натпревар. Ќе бидеме максимално мотивирани против Шпанија и ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе, да одиграме што подобро и да извлечеме што е можно подобар резултат против квалитетна селекција како што е нашиот следен ривал. Нема предавање“- изјави Симиќ на појавувањето пред медиумите.
Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра в петок со почеток од 19.30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.