Олимписките фудбалски репрезентации на Јапонија и Парагвај ги потврдија пласманите во четвртфиналето на фудбалскиот турнир во Париз, откако во последното коло од групата Д впишаа уште едни победи. Двете селекции славеа со по минимални 1-0.
Јапонците за противник го имаа тимот на Израел, кого го „скршија“ со гол во судиското надополнување. Херој на Јапонија е Хосоја, кој погоди во 91. минута.
Парагвај, пак, уште во раната фаза од натпреварот дојде во водство против Мали и тој резултат беше активен до последниот судиски свиреж. Стрелец на победничкиот гол на селекцијата од Јужна Америка беше Фернандез по само пет минути игра.
Во четвртфиналето како лидер патува Јапонија и ќе оди на пресметка со Шпанија, додека Парагвај заврши на второто место и за полуфинале ќе се бори со Египет.